По 70.000 евра ќе добијат семејствата на загинатите полицајци

Семејствата на осумте загинати припадници на безбедносните сили во полициската акција во Куманово, ќе добијат финансиски надомест во висина од 70.000 евра, одлучи на вчерашната седница Владата на Република Македонија. Половина од сумата на семејствата на загинатите, кои што биле во брак, ќе се додели на сопругата, а другата половина на родителите на полицаецот. Инаку Министерството за внатрешни работи ќе биде задолжено да достави информирации до Владата доколку има потреба од дополнителна помош и поддршка на членовите на семејствата на загинатите.

Дополнително на наредната седница на Владата треба да се даде предлог и за висината на финансиски надомест за припадниците на редовниот полициски состав, кои што биле на должност во Полициската станица во Куманово, за време на одвивање на акцијата. Средства ќе добијат и припадниците на безбедносните сили кои беа повредени и ранети во акцијата. Награди ќе им се доделат и на медицинските тимови кои што се грижеа за повредените за време на акцијата.

Инаку хуманитарна помош и  обесштетување ќе добијат и граѓаните чии што објекти и имоти се уништени. За таа цел веќе е формирана комисија за проценка на оштетувањата на недвижниот и движен имот. Истата во рок од 7 дена треба да излезе на терен и да подготви извештај за процената на штета. На нив ќе им се обезбеди и сместување за периодот кој што е потребен за санација на домовите или пак финансиски надомест за закуп на простории за живеалишта. Покрај тоа овие семејства ќе добијат и првична еднократна хуманитарна помош во висина од 100.000 денари по единица оштетен дом во мерка која не дозволува услови за престој. Инаку надлежните државни комунални, медицински и санитарни институции, во соработка со Општина Куманово и Град Скопје наскоро ќе започнат и со чистење на теренот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)