Празни нивите во Табановце- мигрантите ги нема

Нивите во кумановско Табановце што летово беа запоседнати од илегалните мигранти  денеска се празни.  Последниот бран бегалци со воз пристигнал вчера изутрина, но за кратко време го продолжиле патот кон соседна Србија. Само отпадоци од храна, ѓубре и стара облека останаа по нивното заминување, велат мештаните. Дел од нив тврдат  дека мигрантите во потрага по храна, а очајни бидејќи останале без пари, почнале и да крадат во локалните продавници.

– Оставија зад нив вистинска депонија, од јадење, алишта. Во продавница ќе влезат, небањани, несредени, а и крадат, почнуваат во продавница кога нема дежурен да земат одредени производи,  изјави СнежанаТрајановиќ од Табановце

– Повеќе не можат да се трпат бидејќи доаѓаат во секое време и сабајле и навечер, преку ноќ ,селото има куќиња кои цела ноќ се вознемирени, лаат,  а луѓето не можат да спијат, изјави Станчо Трајановиќ од Табановце

Поинакво искуство со мигрантите има семејството Петрушевиќ кое живее во претпоследната куќа пред граничниот премин. Сопружниците тврдат  дека бегалците се мирни, не прават никакви штети во селото, туку само бараат помош и тоа најчесто за децата. Перица  обезбедил околу 500 шишиња флаширана вода која ќе ја даде на првите мигранти кои ќе дојдат во селото. Тој додава  дека мигрантите откако ќе се симнат од возот со кој пристигнуваат од Гевгелија најчесто се одмораат во монтажните објекти поставени кај железничката станица Табановце се додека не заминат кон Србија.

–  Од 500 до 1.000 мигранти влегуваат дневно овде нема проблеми не крадат, не напаѓаат, не прават никакви штети, најмногу  бараат вода, леб, дониравме повеќе пати. Досега нема слушнато ништо, од луѓето немаме никакви штети досега, не влегуваат во куќите, не крадат, се случува да земат јаболко, круша,  но тоа не е штета, мигрантите се гладни мора да земат нешто да се освежат, навистина нивите малку се испогазени, но тоа не е штета бидејќи се уште не се орани, посеани перица петрушевиќ, жител на табановце

-Доаѓаат прашуваат за вода да пијат, бараат помош за бебињата кога е студено надвор, ние не смееме да примаме на спиење никого бидејќи е забрането, тие седат надвор, спијат во ниви, изјави Славица Петрушевиќ, жител на Табановце

Жителите на Табановце бараат да се преземат мерки за сузбивање на бегалскиот бран бидејќи доколку продолжат секој ден по неколку илјади мигранти да поминуват низ селото, тие ќе почнат да се плашат за својата безбедност во родниот крај. Инаку, Владата вчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба во регионот на северната и јужната државна граница поради зголемениот наплив на мигранти, со што согласно правните прописи се отвора можност за соодветен ангажман и на АРМ. Денеска во Република Македонија се дозволува влез на лимитиран број на илегални мигранти од поранливите категории кои може да бидат згрижени и соодветно третирани согласно капацитетите на државата.

За разлика од претходните денови кога во Република Македонија се издаваа потврди на повеќе од 1.300 странски државјани дневно,  во последните 24 часа тој број е неколкукратно помал.

Од вчера до до 08,00 утринава издадени се потврди на 181 странски државјанин, од кои најбројни се од Сирија, 148 лица.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)