Пратеникот Димитриевски ја поддржа иницијативата за лицата со попреченост

Пратеникот од редовите на СДСМ во Собранието на Република Македонија денеска во Куманово ја потпиша иницијативата со која се бараат измени во законот со кои ќе се овозможат подобри услови за живот на лицата со пречки во развој, но и нивните семејства.

Димитриевски порача дека е подготвен да даде поддршка за донесување на законот.

-Наша обврска е како граѓани да ја подржиме оваа иницијатива во целост а тоа ќе го сториме и во Законодавниот дом. Заедно мора да ја промениме државата да биде достапна на сите граѓани, вклучувајќи ја и оваа категорија на наши сограѓани. Апелирам да се подржи иницијативата со која ќе дадеме еднакви можности на сите во општеството – вели Димитриевски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)