Прва работилница за изработка на стратегијата за ЛЕР

Претставници на општината, Агенцијата за вработување, бизнис секторот, невладините организации и други релевантни институции, денеска присуствуваа на првата работилница за изработка Стратегијата за локален економски развој, за период од 2019-2024 година на Одделението за стратешко планирање, креирање политики,следење и локален економски развој при Општина Куманово.

-Предвидени се шест работилници од кои четири ќе бидат со оваа работна група, а другите две ќе бидат отворени, ќе бидат поканети и други актери, ќе учествуваат и ќе дадат свој придонес. На крајот пред да се даде на Совет и комисијата каде би требало таа стратегија да се изгласа ќе биде на сајтот на општината, каде сите граѓани ќе можат да дадат свои измени и дополнувања на драфт верзијата до конечната-истакна Ахмет Јашаревски од ЛЕР при Општина Куманово.

За време нa изготвување на стратегијата ќе бидат опфатени неколку области на интервенција (приоритети) на кои работниот тим ќе се фокусира, а целиот процес на изработка, во сите негови фази ќе го води експертот по стратегиски менаџмет, Марио Вељковиќ. Тој посочи дека целта на процесот за креирање на стратегијата за локален економски развој е првин да се лоцираат одредени проблеми и состојби, да се утврдат потребите на бизнис сектор, но и на граѓаните, како и каде ја гледаат својата иднина, развој и врз база на тоа се направи, краток документ, кој ќе содржи и преглед и пресек, но и ќе понуди одредени решенија

– Цело време слушаме дека фондовите ИПА и другите донации, кои постојат како можни не се искористени, да искористите туѓи пари, пари кои доаѓаат како поддршка, Куманово пак да биде дел и да привлече дел од тие пари, еден од условите е да се направи соодветна стратегија. Стратегија која повеќе ќе биде план за акција а помалку студија. Сите елементи за еден проект ќе се потрудиме да бидат таму и сето ова ќе биде транспарентно и јавно, но од друга страна очекуваме ова да биде доволна провокација за јавноста, стручната и општата, секој интерес поврзан со локален економски развој доколку сака да се увери што е тоа општински интерес никако не го исклучува и генералниот интерес, но што е општински интерес и општински приоритет да се консулираат со општината и со одделнието и оваа стратегија да заживее-нагласи Вељковиќ.

Тој се надева дека барем неколку проекти за две до три години, би требало да предизвикаат одредени промени во општината.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)