Први јуни – Меѓународен ден на детето

-Децата се нашата иднина, а вниманието и грижата за нив е наша најголема должност. Секое општество треба приоритетно да се залага за решавање на проблемите со кои се соочуваат децата и грижата за нивното здравје. Денеска ја посетив Клиниката за детски болести во Скопје, ги сумиравме сите проекти кои изминативе три години ги реализиравме. Педијатрија е најврвната институција за лекување на детски болести во нашата земја. Воведовме нови терапии за лекување на деца болни од цистична фиброза, нов лек Калидеко кој го надокнадува ензимот на белите дробови кај децата. Напредува и процесот на трансплантација кај деца, изминатите две години. Во период од 2019 до 2021 година на ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија во соработка со лекари од Клиниката за детски болести се лекувани деца со алогена трансплантација на хематопоетски матични клетки, а претходно овие деца се лекуваа во странство. Дел од проектите се реализирани со дел на нашите пријатели, амбасади, општествено одговорни компании за што сме им благодарни.

На сите деца им го честитам 1 јуни, посакувам никогаш да не ги напушти детската ведрина!

ФБ статус на министерот за здравство, Венко Филипче

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)