Прво автомобилско шоу во Куманово

Околу 190 автомобили беа презентирани на вчерашното автомобилско шоу, кое за прв пат го организира „Кар клуб Куманово“, пред спортската сала. Оттаму велат дека автомобилските презентации на кои присуствувале низ Македонија им служеле како поттик да организираат таков собир и во Куманово, а би сакале и да стане традиција, со тоа што ќе се промовираат љубителите на андреналинот и автомобилите. Освен презентирање на нивните возила, учесниците се натпреваруваа и во неколку категории.

– Ќе има натпреварување 16 категории, и тоа:  „Тјунинг стајл“, „Стрит класа“, „ЈДМ класа“, „Екстремна класа“, „Германски стил“, „Италијански стил“, „Олд тајмери“, „Луксузни автомобили“, „Почетничка класа“ и „Застава стил“. Овој собир се организира со цел да луѓето се дружат и бидејќи имаше мото собир, решивме луѓето да видат што се случува на автомобилската сцена во Куманово, изјави Даниел Миладиновски од „Кар клуб Куманово“.

Своите автомобили ги претставија натпреварувачи од повеќе градови на Македонија, но и од соседните држави. Двата клуба од Врање, Србија, со 14 автомобили учествуваа во дел од натпреварувачките категории и со тоа ја заокружуваат сезонава.

– Собирот е супер, има многу возила, има што да се види. СЕкоја година се трудиме да идеме на секој собир, годинава бевме на четири па и на овој и со ова ја завршуваме сезонава, изјави Стефан Цветковиќ „Крејзи кру клуб“ од Врање.

Освен натпреварувачи од регионот, својот автомобил го претстави и Американецот Грегори Грин од сојузната држава Џорџа, кој во изминативе неколку години активно учествува на автомобилските собири низ Македонија. Тој додава дека би учествувал на секоја можна презентација во градот бидејќи му се допаѓа натпреварувачкиот дух на кумановци.

– Одлично е, има многу луѓе, многу љубители на автомобили. Навистина добра презентација. Очекувам да победам, сакам да победам. Само во Македонија, последниве години бев на 10ина презентации, имам победено на три, а искуството е многу пријатно, изјави Грегори Грин од сојузната држава Џорџа.

За присутните учесни имаше и лотарија при што наградените добија ваучери за перење автомобили, дополнување на гориво, сервис и слично. Парите собрани од лотаријата се наменети за хуманитарни цели.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)