Прво рочиште за убиството на малиот Алмир

Не се чувствувам виновен и не ги прифаќам обвинувањата дека сум извршил убиство со умисла, рече на денешното прво рочиште Бобан Илиќ, кој според обвинителниот акт треба кривично да одговара  за убиство на четиригодишниот Алмир Алиу. И останатите тројца обвинети за насилство се изјаснија дека не се виновни за делото за кое што се товарат.

Мајката на Алмир Ниџивера Касуми, со која започна сведочењето на судскиот процес побара од судот  доживотна казна затвор за обвинетиот бидејќи според неа , тоа го направил намерно и  сакал да го прегази целото семејство, без некаква посебна причина. Мајката бара и материјално обесштетување.

Сослушани беа и сведоците, девојката на обвинетиот и неговиот брат кои во исказите потенцираа дека  додека заминувале од пред здравствениот дом  со својот  автомобил биле нападнати, гаѓани со камења, а братот на обвинетиот бил и извлечен од возилото и удиран . Девојката  се сеќава дека во обид да побегнат и да се спасат од напаѓачите  , слушнала  тап удар со возилото , но не знае во што удриле. За повредениот Алмир дознале  во полицијата  кога отишле да ги пријават напаѓачите.

Во својата изјава пред судот, адвокатот на Илиќ  рече  дека ова е еден исклучително тежок процес и дека на судот ќе му биде потребно исклучително правно знаење за да донесе објективна одлука.

– Според обвинителниот акт произлегува дека јавнот обвинител вистината ќе ја докажува преку последиците кои што се рпедизвикани. Нашата намера е да докажуваме дека нема вина, нема умисла и вистината ќе ја докажуваме преку причините поради кои што се предизвикани тие последици ,изјави Стево Павлевски, адвокат на Илиќ.

Одбраната на обвинетите за насилство , смета дека првообвинетиот многу ладнокрвно се однесувал за време на судењето и дека немал ниту храброст да ја признае вината , туку целосно го негирал делото.

– Одбраната на сега второ, трето и четврто обвинетиот тврди и ќе докаже дека ниту било какво насилство имаат извршено туку биле истите жртва на насилничкото однесување на неговиот брат Бојан Илиќ, за кој лично јас јавно сега ви напоменувам дека против истиот нема поднесено обвинителен предлог за кривично дело з акое се обвинуваат таткото, братучедот и братот и дека јавно најавувам дека ќе поднесам кривична пријава до ОЈО Куманово за кривично дело за кое што сега се обвинува Бобан Илиќ, но за соизвршителство, изјави Асмир Алиспаиќ  , адвокат на обвинетите за насилство

Немилиот настан се случи на 26 јуни минатата година  по банална расправија за чекање ред за инјекција во Здравствениот  дом. Сега обвинетиот се товари дека намерно го прегазил четиригодишното дете, кое како последица на нанесените повреди почина по седум дена од несреќата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)