Прво социјално претпријатие на ФЕМТЕРПРАЈС

„Робин Фуд“  е првото социјално претпријатие кое е резултат на проектот ФЕМТЕРПРАЈС  – „Поттикнување на создавање на социјални претпријатија преку зајакнување на претприемачкиот потенцијал на младите жени”, регистрирано на втори јануари годинава. Проектот ФЕМТЕРПАЈС е ко-финансиран од ИНТЕРРЕГ -Програмата на меѓугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, 2014-2020.

-Изминатите пет месеци триесетина млади жени се натпреваруваа односно најпрвин се обучуваа заедно со своите ментори на тема социјално претпријатие  т.е. ги оформија своите бизнис концепти, бизнис идеи. На почетокот на ноември минатата година се натпреваруваа од кои што жири комисијата го избра Робин Фуд за најдобро социјален бизнис концепт , изјави дипломираниот социолог Светлана Алексовска, лице за односи со јавност во проектот.

Јакнење и негување на лидерските вештини меѓу  младите и  обезбедување здрава храна во училиштата  се само дел од целите на новоформираното социјално претпријатие.

– Цели на социјалното претпријатие се -јакнење и негување на лидерските вештини меѓу  младите, преку работилници и програми да се снабдат со  алатки и со искуство што на тинејџерите ке им помогнат да станат самоуверени и одговорнии како да придонсуваат за заедницата.Помагање на самохрани родители. Обезбедување здрава храна во училиштата. Едукација на луѓето како да си помогнат самите себесикористејќи градинарски и земјоделски програми што ќе им овозможат да си ги прехранат семејствата и да почнат сопствен бизнис.  Девојките да постигнат успех во области на спорт, образование или социолошки и културолошки студии,  изјави Алексовска.

Робин Фуд  како социјално претпријатие има две етапи, основање и остварување на продажби и постигнување на самоодржливост, посочува Алексовска.

-Етапа број 1: Основање на НПО

  1. НПО ќе работи во насока на исполнување на следните цели:

ü  Анализа на конкретни параметри на животниот стил и животните навики на луѓето (пред се младите) во регионот и квантификација на резултатите така што ќе се овозможи полесна идентификација на проблемите со кои тие се соочуваат и начинот на нивното решавање;

ü  Намалување на бројот на, пред се младите, луѓе во Куманово кои имаат проблеми со тежината и со срцевите заболувања;

ü  Поттикнување на младите кон здрав начин на живот, нивна едукација за бенефитите од здравата балансирана и умерена исхрана наспроти опасностите кои со себе ги носи непотребно мрсната, вештачки зашеќерена и прекумерна исхрана;

ü  Поттикнување пред се на младите од Куманово кон активен живот и спорт и организација на спортски настани;

ü  Поттикнување на развојот на граѓанскиот активизам во регионот;

ü  Поттикнување на процесот на осамостојување на младите луѓе во регионот и постигнување на независност во животот преку едукација на младите, стимулирање на нивното креативно размислување и развој на иницијативи за социјални претпријатија преку креација на одржливи бизнис модели;

ü  Едукација на младите за справување со секојдневните предизвици на модерното живеење и начинот на одржување на здрав животен стил и баланс измеѓу префесиониот и приватниот живот и меѓу истакнување на индивидуалноста и колективизмот;

ü  Јакнење и негување на лидерските вештини меѓу младите, преку работилници и програми да се снабдат со алатки и со искуство што на тинејџерите ке им помогнат да станат самоуверени и одговорни и како да придонсуваат за заедницата.

ü  Помагање на самохрани родители и Обезбедување здрава храна во училиштата.

ü  Едукација на луѓето како да си помогнат самите себеси користејќи градинарски и земјоделски програми што ќе им овозможат да си ги прехранат семејствата и да почнат сопствен бизнис.

ü  Девојките да постигнат успех во области на спорт, образование или социолошки и културолошки студии

 

  1. Етапа број 2: Остварување на продажби и постигнување на самоодржливост

За втората етапа имаме развиено комплетен маркетинг стратегија и финансиски план кои ќе ги споиме со нашите социјални цели за да додадеме општетствено корисна компонента во нашиот бизнис.

Робин Фуд е место во кое вкусната храна не доаѓа зачинета со чувство на вина! Всушност, Робин Фуд не е само ресторан – Робин Фуд е начин на живот, Робин Фуд е прекрасно поминато време во добро друштво, во пријатна атмосфера и со добра храна.

Ние во Робин Фуд многу добро знаеме што е квалитетна, здрава, локално произведена, разноврсна храна, со доволен број на калории кои не се резултат на вештачки шеќери и засистени масти. Следствено ќе ги сведеме употребата на масло за јадење и на бел шеќер во приготвувањето на храната во нашиот ресторан на минимум.

Идејата на Робин Фуд е  да нуди  здрава, а вкусна исхрана во ресторанот  во срцето на Куманово и да се погрижи секои два месеца да организира специјални спортски настани каде ќе го промовира  мотото „во здраво тело- здрав дух“ и ќе ги едуцира присутните за бенефитите од здравата исхрана и опасностите од лошата исхрана, потенцираат од  Асоцијацијата на жени претприемачи УНИКУМ-кос и тимот на ФЕМТЕРПРАЈС.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)