Прв случај на заболен од туларемија во Куманово

Во Куманово е поврден и третиот случај на заболен од туларемија. Претходно беа откриени два случаи на заболени во липковскиот регион. Се работи за педесетгодишна жена, која што тврди дека немала никаков контакт со глодари или дека пиела загадена вода. Од Центарот за јавно здравје информираа дека пациентката, која што е во добра здравствена состојба, е сместена на лекување на инфективното одделение, каде што прима терапија.

-Заедничко е дека сите симптоми се во една обична општа инфективна состојба на заболени како од грип и со една линфоденопатија, зголемени лимфни жлезди на страна на вработат. Започната е деретизација во општината, односно на сите критични места-изјави епидемиологот од Центарот за јавно здравје, Јадранка Стаменковска.

Од Центарот наведоа дека резултатите од испитувањето  на водата, покажале дека таа не е извор за појава на ова заболување. Инаку на ниво на државата од јануари досега има 25 заболени од туларемија. При последната посета на Куманово, министерот за здравство, Никола Тодоров ја исклучи можноста за прогласување епидемија за болеста туларемија во Македонија.

Коментари

коментар(и)