Прв случај на позитивна негователка во градинка

Прв случај на заболен вработен во кумановската градинка. Случајот е потврден кај негователка во објектот „Детелинка“ при градинката „Ангел Шајче“. Од кумановската градинка информираат дека негователката од петокот не присуствува на работа, бидејќи имала висок притисок и крвање од нос, по што и покрај нетипичните симптоми направила тест кој покажал дека е позитивна на вирусот.

Надлежните од градинката информираат веднаш е постапено согласно алгоритмот, известени се надлежните од Министерството за труд и социјална политика, Центарот за јавно здравје, како и локалната самоуправа. По разговорите со епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Куманово, со родителите е  одлучено овој објект да не се затвори и децата да не се стават во изолација.

-Од епидемилошката служба целосно се запознаени со начинот на нашето функционирање во овие вонредни услови и донесоа таква одлука. Родителите веднаш се информирани уште за викендот и тие така се изјасниле тие деца што во петок дошле денеска се дојдени во таа група – истакна Марина Алексовска, директор ЈОУДГ „Ангел Шајче“ Куманово.

По случајот во објектот е извршена целосна деизинфекција. Согласно протоколот на градинката учителките немаат контакти со колешките од другите групи, децата ниту пак техничкиот персонал. Кумановската градинка во моментов ја посетуваат околу 240 дечиња.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)