„Ние можеме, јас можам“, е насловот на трибината која се одржа синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а ја организираше Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ при општинскиот комитет. Пред присутните зборуваа докторите Марјан Денковски и Томица Анчевски. Целта на трибината е информирање и едукација за зголемена свесност за превенција од карцином, обезбедување на соодветен пристап до здравствените услуги, и повик за унапредување на политиките по однос на ова прашање.
-Темата на денешното предавање е карцином на дебелото црево. Во денешно време нема лек така што најважно е да се откријат навреме како и да се извршат превентивните прегледи. Најчесто се развиваат без некои поважни симптоми но раното откривање е многу важно во болеста како и почетокот на редовната терапија. Состојбата со сите видови на рак во земјата е во зголемување и затоа се вклучува и ние со раните прегледи за да се дијагностицираат на време и да започне терапијата-изјави доктор Томица Анчевски.
Од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ се согласија дека клучна улога во борбата против карциномот претставуваат превентивните здравствени услуги.
-Оваа трибина што вечерва ќе ја организира општинскиот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на Куманово е по повод 4-ти февруари Светски ден за превенција и борба против карцином, под слоганот Ние можеме, и јас можам. Оваа трибина ќе биде од едукативен карактер во која ќе бидат запознаени со начинот на раното откривање, лекување и превенција-наведе потпретседателката Слаѓана Ѓорѓиевска.
Жените од ВМРО ДПМНЕ и во иднина ќе продолжат да организираат вакви едукативни трибини.