Превозот за ученици се плаќа по зони

-Како е организиран училишниот превоз и дали е точно дека се плаќа неколку пати повеќе за превоз на учениците споредбено со другите градови , праша претседателот на Советот максим Димитриевски на денешната седница посветена на советнички прашања. Димитриевски побара одговор од градоначалникот Зоран Дамјановски со цел да се разјаснат дилемите кои се појавија во јавноста по одржувањето на пресконференцијата на ГРОМ.

Училишниот транспорт го користат 5300 ученици од основните и средните училишта, а плаќањето за превозот зависи од тоа  во која од шесте зони се врши транспортот. Во првата зона превозот чини 57 денари по ученик , а останатите зони се поскапи зависно од оддалеченоста на училиштата од градот, објасни Дамјановски. Учениците ги превезуваат автобуси и муни -бусови од 15 компании, а се врши и меѓуопштински транспорт за учениците во Старо Нагоричане и Липково, потенцираше градоначалникот. –

-Се работи за околу 5300 ученици, од кои 3886 се во средно и околу 1572 во основните училишта. За да се изведе овој процес се потребни 47 автобуси и 37 минибуси. Превозот чини 80 милиони денари годишно, и тоа 20 милиони за основно и околу 60 милиони за средно“-рече Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

За цената на чинење на превозот праша и советникот Драги Караџински од ГРОМ кој тврдеше дека врз основа на информации добиени од Заводот за статистика излегува дека во учебната 2013-14 година за разлика од минатата година училишен превоз користеле поголем број на ученици, а биле потрошени помалку пари за превозот,  а и  цената на дизел горивото била повисока од сегашната.

Градоначалникот  потенцираше дека превозот на учениците се покрива со наменски дотации  на  Министерството за образование и наука кои се под постојана контрола на министерството за финансии, и нема можност за евентуална злоупотреба на парите предвидени за превоз на учениците. Дамјановски, како и Димитриевски ги повикуваат сите оние кои имаат докази за евентуална манипулација или злоупотреба во врска со училишниот превоз да ги достават до релевантните институции за понатамошна постапка.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)