Предавање за културно наследство

Предавање на тема „Културното наследство – врска  меѓу народите“  вчеравечер во градската библиотека одржа Дејан Ристиќ од Србија. Историчарот Ристиќ синоќа потенцираше дека иако на прв поглед  некој можеби би кажал дека културното наследство е нешто што може да ги раздвојува луѓето, сепак доколку подлабоко се навлезе во феноменот културно наследство би увиделе дека тоа е една од најсилните врски помеѓу поединците, но и помеѓу народите. Културно наследство е се она што ги исполнува високите меѓународни и национални стандарди,  она што навистина претставува  реткост во националните и пошироките региони, вели Ристиќ.

Покрај археолошкиот локалитет Лепенски вир во Р.Србија кој важи за најстара откриена населба во Европа, Ристиќ на предавањето го истакна и локалитетот Стоби како еден од најубавите антички локалитети на цел Балкан.

Колку го познаваме, како го чуваме и како управуваме со сопственото културно наследство, по што Балканскиот полуостров може да биде препознатлив на светските културни и туристички мапи беа дел од прашањата на кои ќе одговараше  историчарот Ристиќ.

Инаку, што се однесува до културното наследство во Македонија може да посочат повеќе локалитети, цркви, манастири, џамии во Куманово, Старо Нагоричане  и Липково. Црквата „Свети Никола“  во градот, Спомен костурница, Куќата на Христијан Тодоровски Карпош, Споменикот на Револуцијата, Татар Синан Бег џамија, Зебрњак во Младо Нагоричане, Кокино во Старо Нагоричане се само дел од културното наследство во земјава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)