Предавање за ХИВ превенција во „Гоце Делчев“

Во гимназијата Гоце Делчев денеска се одржа предавање, кое е во рамките на проектот Кампања за подигање на свеста за ХИВ превенција во општина Куманово. Предавањето го спроведоа волонтери од Црвениот крст, кои истакнаа дека истото веќе се одржало во основното училиште Магдалена Антова и средното Наце Буѓони,а  планирано да бидат опфатени и Киро Бурназ и Перо Наков.

-Ги опфативме сите средни училишта и некои основни, како Магдалена Антова, каде што предавањето помина добро, во девет одделенија беше одржано предавањето, учениците беа доста заинтересирани, она што не радува е нивната соработка бидејќи се мали нашата цел е нив да ги опфатиме, бидејќи тие се токму луѓето кои треба да шират понатаму информации и нели од нив започнува првичната заштита. Заинтересирани се бидејќи зборуваме за заболување и инфекција која е доста распространета во денешните услови-истакна Магдалена Бошковска, волонтер.

Волонтерите истакнаа дека според досегашните едукации учениците  имаат добри познавања на оваа тема.

-Ваквите предавања ги правиме со цел превенција на младите едукација, бидеjќи тоа е најдобра превенција пред се. Овие едукации ќе бидат напрaвени во сите средни училишта досега во некои поминаа, неколку ќе бидат до крајот на школската година, од септември повторно ќе поминеме. Засега имаме добра сорабтока и со учениците и со наставниците освен ваквите предавања имаме и други проекти изјави Раде Ристиќ.

Проектот кој што го спроведува Црвениот крст е финансиран од ХОПС и Евроспка унија.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)