Предметот Алмир на повторно судење

Заради комплексност на предметот, основното  јавно обвинителство Куманово не е во можност за еден ден да донесе одлука по однос на барањето на бранителот на семејството Алиу за изземање на јавниот обвинител кој што постапува по предметот , беше речено денеска во основниот суд Куманово, на закажаното рочиште за случајот со прегазеното дете Алмир Алиу, на кое што требаше да бидат изнесени завршните зборови.

Поради пробиени законски рокови, судењето за случајот Алмир се враќа од почеток, изјави денеска бранителот на семејството Алиу, Асмир Алиспаиќ.

-Со оглед на фактот дека се поминати деведесет дена од последната одржана главна расправа поточно на 01.11 2017-та година се донесе решение да постапката почне одново . Во една таква ситуација јас како бранител побарав изземање со цел за да може овој предмет да добие правилен тек на повторната постапка која што ќе се води, а се со цел да се дојде до правилната фактичка состојба и да можеме нормално сите во РМ  да бидеме сигурни во она што што се вели правда за немилиот настан што се случи на 25 јуни 2016 година . Бевте сведоци, го следевте текот на настанот до завршните зборови,  до 01.11. 2017 –та година и видовте после тоа какви импликации во јавноста се создадоа околу евентуалната можност на кривичното дело за кое што се обвинува Бобан Илиќ да истото биде евентуално преквалификувано. Сметам дека овој јавен обвинител треба да биде изземен и на негово место да биде поставен нов надлежен јавен обвинител кој што навистина ќе го разгледа предметот и ќе постапува правилно и согласно законските прописи, изјави Асмир Алисапиќ, бранител на семејството Алиу

Дали јавниот обвинител кој што постапува по предметот ќе биде изземен, наредните денови ќе одлучува Основното јавно обвинителство Куманово. Конечната одлука ќе биде соопштена на следното рочиште закажано на 15-ти февруари . Бранителите на Алиу се надеваат дека нивното барање ќе биде уважено од ОЈО.

-Се надевам дека истиот јавен обвинител ќе ги земе сите наши укажувања кои написмено денеска беа доставени до нив, и причините зошто бараме да биде изземен овој јавен обвинител кој што постапува.

– Обвинителката во основното јавно обвинителство во телефонски разговор, наведе дека постапката во предметот се води по спроведена истрага и по преземени дејствија,  во која не беа изготвени невропсхијатриско и сообраќајно вештачење до завршувањето на истрагата, но во текот на главната расправа тие се завршени, вештите лица непосредно, директно и вкрстено се испрашани и одлуката во предметот ќе биде донесена онака како што налага Законот за кривична постапка, поточно врз основа на доказите изведени на главната расправа. И во овој предмет, како и во секој друг ова обвинителството, посочи обвинителката, одлуката ја носи врз основа на доказите изведени на главна расправа и примената на кривичниот законик.

Инаку, обвинителството го товари обвинетиот  Бобан Илиќ дека на 25 јуни 2016-та година  го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходела расправија меѓу Илиќ, кој бил со неговата девојка во Здравствениот дом и таткото на Алмир поради непочитување на редот за прием во амбулантата. Осомничениот, се товари дека го прегазил детето на улицата „Борис Кидрич“. За истиот настан против три други лица, инаку, таткото на детето Седат Алиу, и Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)