Презентации во средните училишта во Куманово на тема медиумска писменост

Во период од 15.11.2018 до 19.11.2018 во средните училишта од Куманово: СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, OСТУ ,,Наце Буѓони“, СОУ „ Перо Наков“ и ССОУ „Киро Бурназ“ се одржаа четири презентации на тема ,,Медиумска писменост“. На работилниците средношколците имаа можност да се запознаат со основите на медиумската писменост, критичкото размислување и лажни вести. Целта на презентациите беше да се поттикне критичкото размислување кај средношколците,  да им помогне на младите да препознаат како медиумите ги филтрираат нивните перцепции и убедувања, ја обликуваат популарната култура и влијаат на личните избори.

Сите заинтересирани средношколци кои сакаа да го прошират своето знаење на тема медиумска писменост и да го поттикнат критичкото размислување кај младите од општина Куманово, преку креирање на едукативни мултимедијални содржини, имаа можност да се пријават за претстојните обуки и работилници во рамките на проектот. На самите обуки е предвидено учество на 40 средношколци од Куманово во времетраење од три дена во декември 2018. Очекувањата од  обуките се средношколците да ги зголемат своите вештини при:

  • Разбирање за тоа како медиумските содржини влијаат врз културата и општеството

·         Идентификување на маркетиншките и комуникациските стратегии

·         Препознавање на целта на креаторот на медиумските содржини

·         Препознавање на медиумските техники на убедување и пропаганда

·         Критичко мислење

По завршувањето на обуките, ќе следат работилници за креирање на едукативни мултимедијални видеа кои ќе бидат креирани од страна на средношколците со помош на технички лица и опрема од страна на ,,ТВ Плус “. За да допрат до поголем број, пред се до младите од Куманово истите ќе бидат прикажувани неколку месеци на програмата на ,,ТВ Плус“.Целта на овие видеа е да поттикнат критичко размислување кај младите од општина Куманово.

 

Инаку активностите се дел од проектот ,,Младинска медиумска писменост“ кој го реализираат Центарот за ромска заедница ,,Дром“ Куманово и локалната кумановска телевизија ,,ТВ Плус“ кој е дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медумска умешност – КриТинк“, а е спроведуван од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“ – Центар за европски стратегии. Проектот е финансиран од Европската Унија.

Младинска медиумска писменост – Press release

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)