Презентација на извештајот на „ДРОМ“ за современите форми на трговија со луѓе

Во салата на поранешен комитет, Центарот за ромска заедница „ДРОМ“ денеска имаше презентација на извештајот од истражувањето за перцепција и сфаќањата на средношколците и ранливите групи за современите начини на трговија со луѓе во Куманово и Гостивар. Проектот се реализира во партнерство со „Асоцијација за демократска иницијатива од Гостивар и е во рамките на програмата за Акциски Грантови на Цивика Мобитас финансиран од страна на швајцарската агенција за соработка и развој. Проектот е во времетраење од август 2015 година до ноември 2016. Во општина Куманово се опфатени сите средни училишта.

Проектот опфаќа две фази: првата истражување, а втората едукација. Во делот на истражување има три фокус групи. Прва група се институциите, втората млади средношколки, третата млади среднолци. Истражувањето се одвиваше во Општина Гостивар и во Куманово. Во Општина Гостивар имаше 200 ученици опфатени , а во општина Куманово 400, од сите генерации и денеска правиме презентација на анализата и од извештајот што е добиен од истражувањето, вели Донка Петровска, Центар за ромска заедница „ДРОМ“

Од Центарот за ромска заедница посочија дека средношколците не се запознаени со современите форми на трговијата со луѓе. Тие изјавија дека според истражувањето голем процент на ученици сакаат да ја напуштат државата по завршување на средното образование, што ги доведува во ризик да бидат жртви на трговија со луѓе. Затоа посочија дека економската ситуација во државата треба да се стабилизира за да се спречи бранот на миграција кај младите луѓе кои се најнезаштитени.

Извештајот покажа дека средношколците многу малку се запознаени што всушност претставува трговија со луѓе. Имаме поставени различен тип на прашања кои се поставени со трговија со луѓе. Најзагрижувачки факт е што 33 проценти  од испитаниците се изјасниле дека по завршување на средното училиште сакале да заминат во странство. Тоа значи дека миграцијата ќе се зголемува, а со тоа трговците на жртви ќе изнајдуваат нови начини да ги регрутираат жртвите, вели Донка Петровска, Центар за ромска заедница „ДРОМ“

Од Центарот за ромска заедница констатираа според истражувањето дека младите имаат еднострани знаења за трговијата со луѓе. Најголем процент од младите сметаат дека потенцијалните жртви на трговија со луѓе се лицата со социјален ризик, но и жените и девојчиња од  14 до 19 години, а многу малку машките ги перцепираат како жртви.

Младите трговијата со луѓе ја сфаќаат како проституција или вадење на органи на човечко тело, а малку се запознаени со другите типови на трговија со луѓе. Преку користење на социјални мрежи можат да станат потенцијални жртви на трговија со луѓе.Затоа во наредниот период ќе имаме едукативни работилници во средните училишта од сите генерации каде што ќе го презентираме извештајот и ќе им дадеме препораки како можат да се заштитат и како да ги користат социјалните мрежи, вели Донка Петровска, Центар за ромска заедница „ДРОМ“

Завршна фаза од проектот ќе биде националната конференција во Скопје каде што носителите на проектот ќе иницираат нови препораки и заклучоци во националните акциони планови против трговија со луѓе.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)