Презентирана е-твининг платформа пред наставниците

Пред кумановските наставници вчера во подрачното одделение на Бирото за развој на образованието беше презентирана е -твининг платформата наменета за професионалниот развој на наставниците од одделенската и предметната настава преку користење на меѓународни искуства за модернизација на образованиот процес преку проекти. Раководителот на подрачното Биро за развој на образованието Сања Димитриевиќ ги информираше присутните наставници како да се поврзат на платформата.

-Се работи за една меѓународна платформа, има земји учеснички преку 34 држави кои што разменуваат различни искуства од образовниот процес преку проекти. Платформата е доста интересна и на наставнците им овозможува надоградување на професионалниот развој, со тоа што тие онлајн можат да следат семинари и се здобиваат со меѓународни сертификати кои што се вреднуваат со висок број на поени. Наставниците можат да се регистрираат на е-твининг платформата, со тоа што ќе направат профил кој  содржи икт- алатки кои тие можат да ги користат за нивните часови. Кога ќе се регистрираат тие се е-твинер почетници, но со тек на време со нивната активност, соработка,  размена на искуства, размена на идеи, изработка на проекти, воведување на нови креативни начини при наставата, интеракција со учениците, напредуваат до е -твининг амбасадори,  изјави Сања Димитриевиќ, раководител на подрачното одделение на Бирото за развој на образованието Куманово

На наставниците кои што ќе станат е -твининг амбасадори им се овозможува размена на искуства, учење, размена на идеи, изработка на проекти, воведување на нови креативни начини при наставата, интеракција со учениците, посочува раководителот Димитриевиќ.

На ниво на североисточниот регион амбасадор од оваа платформа е наставничката по македонкски јазик од основното училиште „ Јоаким Крчоски“ од Крива Паланка,  Габриела Стојановска која што практично им презентираше на наставниците како функционира е-твининг платформата, како да ги направат профилот , како да се поврзат на платформата.

-Нашата улога е ние како советници да ги воведеме наставниците во самиот наставен процес, да им овозможиме вакви презентации и обуки на кои што ќе им бидат претставени сите оние новини кои што ние ги внесуваме во самите наставни програми, целта ни е што е можно повеќе интерактивни методи, креативни техники застапени на самите часови, изјави Димитриевиќ.

Бирото за развој на образованието, велат нaдлежните постојано овозможува вакви презентации, со цел обука на наставниците за модернизација на образованиот процес.

Коментари

коментар(и)