Презентиран извештајот за употреба на јазиците на малцинствата

Невладината организација Центар за интеграција и развој денеска организираше конференција на која ги презентираше резултатите од истражувањето за примената на законот за јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, реализирано во Општина Куманово, Чаир и Липково. Конференцијата е всушност завршен настан на проектот “Важноста на употребата на јазиците на заедниците за добро владеење не локално ниво во Куманово, Чаир и Липково“, а се реализира со поддршка на проектот ACTION SEE имплементиран од Фондацијата Метаморфосис и други организации, а е финансиран од Европската Унија. Истражувањето покажало дека законот за употреба на јазиците, кој стапи на сила во март 2018-та година, се имплементира, но има и одредени недостатоци.

-Како препорака за сите општини беше да го зголемат бројот на преведувачи тоа е најголем проблем, граѓаните исто така праќаат барања, предмети на јазик што е различен од македонскиот но во општините имаат проблеми во делот на одговор на барањата. Во принцип сите општини се на добар пат, им претстојат уште пречки при имплементирање на овој закон но веруваме дека со текот на времето, подобрување на условите, вработените, нивните капацитети и бројот на вработените во самите сектори тоа ќе се подобри-истакна Берат Лимани од Центарот за интеграција и развој.

Мила Јосифовска од Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис истакна дека на овој проект работат дури седум партнери од Западен Балкан. Но таа укажа дека согласно резутлтатите поразителни се бројките за отвореноста на институциите.

 -Тоа што исто така можам да го споделам со вас е дека од индексот на отвореност кој го имплементираме преку овој проект веќе три години каде што имаме мерења за отвореноста на локалната самоуправа, можеме да кажеме дека годинешниве резултати покажаа малку и поразителни бројки, со тоа што отвореноста на локалната власт е под регионалната отвореност која е 36 проценти а локалната е 25 проценти. Тука веќе се гледа неангажираноста и непосветеноста на локалната самоуправа да бидат поотворени за комуникација со граѓаните-истакна таа.

Донка Петровска, проектен менаџер при Општина Куманово, пред присутните истакна дека како локална самоуправа се отворени за соработка со сите невладини организации. Дополни дека препораките од извештајот ќе им помогнат за поефикасна имплементација на законот за употреба на јазици.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)