Презентиран планот за надминување на аерозагадувањето

Низа препораки во шест различни области предвидува планот за надминување на загадувањето на амбиентниот воздух во општина куманово кои што работната група , формирана согласно заклучокот на општинскиот штаб за заштита и спасување ги презентираше денеска. Во рамките на препораките за урбанистички активности се предвидува при изработка на планска урбанистичка документација  задолжително да се предвиди  процент на озеленување , општинската служба да изработи  процедура за начин на издавање на одобрение на сеча, кастрење на дрвја и обновување , воведување на пешачки зони во централното градско подрачје  и слично. Препораки  се предвидуваат и за комуналните активности преку миење на улици и чистење на атмосферски шахти, формирање на оџачарска служба  која редовно ќе ги одржува оџаците, редовно чистење на сметот на јавните површини од јавното претпријатие чистота и зеленило и поактивно вклучување на комуналната инспекција. Во областа на сообраќајот се предвидува да се изврши мерење на проток на возила кои поминуваат  за одреден временски период на најфреквентните крстосници, советот да донесе одлука за бесплатен автобуски превоз, да се направи ревизија на еднонасочниот сообраќај. Со планот се предвидуваат и препораки за субвенционирање  за спречување и намалување на загадување на воздухот, препораки за мониторинг и препораки за јакнење на јавната свест.

Планот не е фиксен, може да се надополни со препораки од граѓаните, а пак предвидените средства треба да се усогласат со општинскиот буџет, велат од општинскио штаб за заштита и спасување.

Според градоначалникот  Зоран Дамјановски , за да се намали аерозагадувањето  прво треба да се изработи сеопфатна и реална сообраќајна студија  која ќе ги елиминира сите недостатоци  од генералниот урбанистички план. Речиси сите присутни се согласија дека најголемиот загадувач е воздухот се издувните гасови од возилата, кои што ги има околу 27.000 во Куманово. Што се однесува до субвенционирањето на домаќинства кои што ќе поминат од греење на дрво во греење на гас или пелети, Дамјановски потенцираше дека тоа би се однесувало на социјално ранливите категории.

Изработениот план од работната група покажува дека бројот на регистрирани возила во куманово во последниве пет години е зголемен за повеќе од 42 проценти.

Работната група која го изработи планот е составена од претставници од секторот за урбанизам, секторот за инспекциски надзор, јавно комунално претпријатие , центарот за јавно здравје и претставник од невладиниот сектор.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)