Презентиран проектот „Мои пари, моја одговорност “

Претставници на локалната самоуправа, јавни институции, невладини организации и други присуствуваа на инфо ден за проектот Мои пари, моја одговорност: Партиципативно буџетирање во општините во Македонија”. Проектот го имплементира граѓанската мрежа Фискаст, а како координатор организација се јавува Finance Think, како и невладината Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ од Крива Паланка, која е и координатор на проектот за општините Куманово, Крива Паланка и Старо Нагоричане.

Истиот има за цел активно вклучување на граѓаните и организациите во процесот на носење на буџетот на општината, и во следниот период ќе се спроведуваат активности кои се во насока на зголемување на нивната свест за важноста на процесот на транспарентност како и нивно директно вклучување во самиот процес на буџетирање. Во рамки на проектот се предвидени обуки за партиципативно буџетирање, односно претставниците на стејкхолдерите ќе бидат едуцирани за начинот на партиципативно буџетирање.

Потоа ќе следат јавни кампањи информативни корнери со цел подигнување на свеста на граѓаните за партиципативно буџетирање, за на крај се заврши со форма на учество на граѓаните и организациите во креирањето на буџетот на општината. Како што информираа од организациите, во моментов се работи и на потпишување на меморандум за соработка помеѓу ЕГРИ и општина Куманово. Проектот се спроведува во период од 1-ви април минатата година до 31-ви март 2020-та.

 

 

Коментари

коментар(и)