Прекин на водоснабдувањето на четири улици во градот

Четири локации во Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти во дистрибутивната мрежа.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците: „Миле Кипра“, улица „315“ во населбата Иго Тричковиќ, како и улиците „Ефто Спасовски“ и „Веселин Маслеша“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)