Преку квиз учениците поблуску до ЕУ

Во техничкото училиште „Наце Буѓони“ по седми пат се реализираше квиз – натпревар на кој учесниците го мереа своето знаење за Европската заедница. Дел од натпреварот беше и изложбата на слики од ученици чија инспирација беше Европската Унија кои беа поставени во холот на училиштето. Учениците и наставниците со порака дека овој квиз на знаење ги прави дел од големото европско семејство.

– Пред седум години со мојата колешка Светлана Сарк за да ги мотивираме нашите ученици за поголемо знаење на ЕУ организиравме квиз натпревар. Следната година ги повикавме и нашите колеги од маедонски и од албански  средни училишта во Куманово да ни се придружат – вели Светлана Илиевска Алексовска, професор по граѓанско образование во техничкото училиште „Наце Буѓони“.

 Ученици од различни средни училишта од градот на квизот учествуваа во парови користејќи ги двата наставни јазика, македонскиот и албанскиот.

– Јас доаѓам од средното техничко училиште „Наце Буѓони“ и сум четврта година. Се пријавив на квизот бидејќи сакам да дознаам нешто повеќе за ЕУ. Ние доаѓаме од училиштето „Перо Наков“ од паралелките на албански јазик. Ние сме тука по трет пат, ЕУ на овој начин не здружува сите – велат учеснички на натпреварот.

Освен техничкото училиште квизот го поддржаа и Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграција при Општина Куманово и Инфо точка.

– Секоја година се организира квизот и изложбата, квизот не е само натпревар туку и дружба меѓу етникумите. Има многу деца што имаат талент за цртање и тука се изложени слики и од минатите години. На настанот кој ќе биде организиран во петок од 12 до 14 часот ќе учествуваат сите училишта и над 100 ученици ќе се претстават со цртежи и музички точки – објаснува Арбен Мемети, координатор на Инфо точка во Општина Куманово.

Целта на натпреварот е  наставниците и учениците заедно да ги истражуваат  вредностите на Европската Унија на кои  таа го темели својот идентитет. Освен со знаења учениците се стекнуваат и со нови пријателства со свои врсници од различна етничка припадност.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)