Преку форумски сесии граѓаните ќе одбираат приоритетни проекти

Во Занаетчискиот дом утре со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата од петте предвидени форумски сесии на кои граѓани ќе предлагаат и изберат проекти кои ќе се реализираат. Форумите ги организира Советот на општина Куманово, информираше на денешната прес конференција претседателката на Советот, Атина Мургашанска, заедно со дел од координаторите на советничките групи на различни партии кои партиципираат во кумановскиот совет.

– Општина Куманово пред локалната администрација, а пред се преку Советот на општината, неговите членови кои се вклучени во проектот Зајакнување на општинските совети кој е финансиран од организацијата за развој на Обединетите нации а исто така поддржан финансиски од Швајцарската агенција за развој и соработка има чест да ги покани сите граѓани, сите заинтересирани членови на невладините организации, бизнис секторот и заинтересирани поединци утре да присуствуваат на првиот проектен форум од компонентата Форуми на заедниците-посочи Мургашанска

Присутните учесници ќе имаат можност сами да предлагаат проектни идеи, да развиваат и изработат конкретни проекти и заеднички да одлучат кој од тие еден или два најмногу три проекти ќе бидат приоритетни за финансирање од  оваа проектна линија.

-Минатата година нашиот совет аплицираше и со својата апликација успешно се пласираше меѓу девет општини во репулбиката кои се изборија да бидат дел од овој проект во првата компонента ги зголемување своите знаења и вештини од областа на работењето на советите, од областа на надлежностите на локалната самоуправа, втората компонента се токму овие форуми со кои започнуваме утре, и третата компонента е вмрежување со останатите совети на општините од земјава и надвор од неа-истакна таа.

Последниот форум ќе се одржи во првата половина на 2020 и ќе биде оној кој ќе добие најмногу поени. Проектите, треба да содржат вмрежување меѓу граѓаните и организациите, вклучување на маргинализаирани групи, обезбедување на еднакви можности за жените, придонес кон поголем социјален импакт и  практични и видливи резултати.  Граѓаните ќе изберат за каков проект ќе завршат 50.000 швајцарски франци, а останатите 12.000 ќе се употребат за иновација за работата на советот.

Коментари

коментар(и)