Премиера на претставата „Драга Јелена Сергеевна“

„Драга Јелена Сергеевна“ е насловот на претставата која ќе се изведе вечерва со почеток во 20 часот во Театар Куманово, а е во продукција на Здружение за култура и уметност “Про Арте“-ТЕАКТЕР СТУДИО. Претставата е работена според текстот на руската авторка Људмила Разумовска, а во режија на Кети Дончевска Илиќ Драмата ги преиспитува односите меѓу младите и возрасните.

Кои се причините за начините на однесување на едните и на другите. А главниот мотив за да се зафатиме со ова драмско дело всушност се огледа во сознанието дека за однесувањето на младите луѓе секако мора да понесат одговорност возрасните-родителите, наставниците.

Во „Драга Јелена Сергеевна“ играат Александра Пешевска, Александра Михајловска, Давид Илиќ, Никола Наковски и Мишо Димитријевски.

Музиката во претставата е на кумановските бендови KHARA и White Noise In a White Room.

Претставата е поддржана од Министерство за култура на РМ, Совет на Општина Куманово и неколку локални компании.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)