Премиерна изведба на „Ревизор“ од Гогољ

На сцената на народниот театар синоќа премиерно беше изведена претставата Ревизор, според текстот на Николај Васиљевич Гогољ, а во режија на Андреј Цветановски. Комедијата се однесува за актуелните теми, човековиот страв и потребата за моќ. Ревизор зборува за малограѓанството, но не како географска одредница, туку како состојба на духот.

Бројната публика во салата со долг и силен аплауз ја награди успешната изведба на претставата, која траеше околу 3 часа. Ликовите во Ревизор ги играа Горан Илиќ, Кети Дончевска – Илиќ, Александра Михајловска,Мартин Лазаревски, Мирослав Петковиќ,Марко Трајковиќ , Владо Дојчиноски, Милош Стојковиќ, Никола Наковски, Мартин Манев и Горан Ников.

 

За сценографијата беше задолжен Сергеј Светозаерев, костимографијата е на Александар Рашковиќ, Димитар Андоновски е композитор и Зоран Зафировски драматург. Репризното издание е закажано за вечерва, од 20 часот.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)