Премиерно изведена претставата „Недоразбирање“

Полна сала и долги аплузи за претставата „Недоразбирање“ која вчеравечер премиерно беше изведена во кумановскиот  театар. По текст на Албер Ками, а во режија на Драгана Таневска, актерите синоќа преку своите улоги ги претставија индивидувалните желби на поединци, кои можат да влијаат врз хармонијата во семејството. Семејната драма се случува во мал хотел, „на крајот на светот“, каде две жени живеат прилично скромен живот. Заедничка им е загубената човечност поради загубената љубов.

– Ја играм улогата на Марта, и навистина ми претставуваше чест и всушност предизивик затоа што е комплициран драматуршки лик и многу ми е драго и се надевам дека ја оправдав довербата која што ми беше дадена и тоа го споменав и на пресот и еве ќе го кажам пак, се надевам дека во иднина на нашиот репертоар ќе има се повеќе простор за големи ликови за младите  актери кои што се во ансамблот затоа што сметам дека е многу важно да можеме да се изградиме како актери да имаме простор да играме големи ликови за да имаме е подобар ансамбл, изјави Александра Михајловска, актерка 

-Секоја улога без разлика на големината си има своја задача и секоја задача, за нас е предизвик без разлика дали е мала или голема улогата, дали има појавување или нема појавување. Јас имав многу добар однос со режисерката и многу убаво зборувавме што сакаме да пренесеме. Искрено ми беше предизвик затоа што треба да истражуваш некои темни страни и треба да се соочиш со нешто што е смрт и сметам дека направивме една голема задача да биде исполнета, изјави Сања Русеска, актерка

Во претставата играат Александра Михајловска, Кети Дончевска Илиќ, Никола Наковски, Сања Русеска, Марко Трајковиќ. Драматургијата во претставата е на Сашо Костовски, сценографијата на Сергеј Светозарев, а костимографијата на Ванчо Василев.

-Вечерва ја имавме долгоочекуваната премиера на претставата „Недоразбирање “ од Албер Ками, јас сум презадоволен од целиот процес како беше и од реакцијата на публиката. Оваа претстава требаше да излезе кон крајот на април, меѓутоа со проблемите и промените во министерството за култура излезе денеска и навистина имаше прекрасен одзив, публиката беше одлична, мислам дека ова е една од претставите која долго ќе се игра во кумановскиот театар. Оваа претстава исто така ја препорачуваме и на младите бидејќи секако ова е и една лектира која ја читаат младите во програмите за училиштата, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“

Репризните изданија на претставата „Недоразбирање“  се вечерва и утревечер во кумановскиот театар.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)