Премиерно изведена претставата „Сомнително лице“

Друштвото на пензионери на Куманово, синоќa премиернo ja  изведe претставата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Лазар Ѓорѓевиќ. Театарската претстава се игра по повод 150 години од раѓањето на Нушиќ. Присутната публика во МКЦ „Козјак“, кадешто се оддржа премиерната изведба, со аплаузи ги поздрави своите постари сограѓани. Режисерот Ѓорѓевиќ, вели дека претставата е разбирлива и наменета за сите грѓани, бидејќи во нејзината содржина е претставено бирократското однесување на едно општество од минатото, кое не е ништо поразлично од денешното.

-Јас го ценам Нушиќ, поради тоа што е критички настроен кон некои државни уредувања. Така да тој е народен писател и сите негови текстови се разбирливи, изјави Ѓорѓевиќ.

Според Ѓорѓевиќ, пензионерите во текот на целиот процес имале професионален пристап кон театарот и сосема сериозно ја сработеле својата задача.  Тој додаде дека и покрај тоа што сите членови на актерската екипа имаат над 70 години, без резерва вложувале труд и време за да се добие еден финален продукт и на соодветен начин се одбележат 150 години од раѓањето на Нушиќ.

– Се подготвувавме скоро четири месеци. Актерите се над 70 години. Најмалиот 70, а најстариот 82. Малку е потешко со нив да се работи, ама интересно е тоа што се големи ентузијасти. Дисциплинирани се и сакаат да бидат уредни и фини, додава Ѓорѓевиќ.

Ова е шеста претстава организирана од Друштвото на пензионери на Куманово, а за во иднина најавуваат и нови проекти од областа на сценско-изведувачките уметности.

Коментари

коментар(и)