Премиерно прикажан краткометражниот аматерски филм „На колена“

„На колена“ е краткометражен аматерски филм во режија на Предраг Анѓеловски и продукција на Милан Богдановски од Куманово кој премиерно  беше прикажан вчеравечер во Занаетчискиот дом.

Филмот е критика на денешното модерно општество, а фокусот се младите. Тој е резултат на потребата да се зборува за проблемите кои ги притискаат тинејџерите во 21-от век и да ја претстави реалноста на младиот човек во земјава.

-На филмот „На колена“ се работеше година ипол, а се снимаше на повеќе локации во Куманово каде што наидовме на многу пречки и предизвици. Сепак ние сме група тинејџери кои сакаат да ја искажаат својата порака и да ја испратат да биде чуена што подалеку, изјави Милан Богдановски, продуцент на филмот

-Ние кога почнавме со овој проект реално имавме само желба за докажување. Сега кога сме на крај кога сме во ова грандиозно финале така морам да го наречам бидејќи се почнува од некоја бесмислена идеја, некоја идеја за самодокажување, а сега тоа станува желба за повеќе и повеќе работа. Од една обична идеја, ова прерасна во нешто што може да се мери како реалност, рече Предраг Анѓеловски, режисер на филмот

Во филмот играат: Кристијан Петковски, Валентинo Цветановски, Јована Милошевска, Марија Милошевска и Бранко Стојковски.

– Ова е наш прв филм на кој што работевме година ипол, во кој имаме вложено многу енергија, мнгоу време и мнгоу труд, рече Кристијан Петковски, главен лик во филмот

Првата реприза на филмот ќе биде прикажанa вечерва со почеток во 19.30 часот, повторно во Занаетчискиот дом.

 

Коментари

коментар(и)