Преминот од 20ти кон 21ви век – лајт мотив на годинешниов Филмај (видео)

Третиот по ред фестивал на краткометражен филм, во организација на фото кино клуб Козјак од нашиот град, сеуште е отворен за пријавување на филмови од домашна и странска продукција. Конкурсот трае до 15ти март и состојбата со Ковид 19 не ги менува драстично условите за оддржување на фестивалот, оти и во нормални услови станува се полесно да се обезбеди опрема за снимање, но тешко е да се пронајде вистинската приказна која ќе ги заинтригира гледачите. Како и да е, со нетрпение го очекуваме новот издание на Филмај, што, се надеваме ќе ги исполни очекувањата и на организаторите и на публиката желна за кратки филмски стории.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)