Препораки за заштита од топлотниот бран

„Отсекогаш сум помагал на другите и на градот, а сега институциите ме заборавија“ вели Момчило Стефановски чиј што дом настрада во големиот пожар на 21ви минатиот месец.

Единствени кои помош понудиле се граѓани, компании, хуманитарната организација „Крепост“ и Црвениот Крст каде овој човек со години членува и им помага на другите. Се жали дека министерката за труд и социјална политика не сакала да го прими на разговор, а од локалната самоуправа никој ниту го посетил, ниту го прашал дали нешто му треба.

Овој објект што го користев е на железницата и да ми помогнат луѓето да го направм, утре ќе дојде нова гарнитура во компанијата и ќе ми речат да си одам. Тука во близина има државно земјиште кое може да биде доделено со донации и помош од фирми, пријатели и роднини да се направи скромен еден дом за да може да се живее. Иако од Министерството за труд и социјална политика сум толку повреден и јавно изјавив дека од нив не сакам ништо, ниту од општината. Затоа што во сабота дојдоа директорот на Центарот за социјални работи и ми дадоа насоки што да правам, спремив се што требаше документи однесов во Скопје и барав кај министерката само пет минути да ме прими да ја замолам да се ургира кај министерот за здравство затоа што 15 години работам во болница како волонтер, не најде време да ме прими, дури по 9ти август. Градоначалникот и останатите структури останаа глуви, освен Максим Димитриевски кој се јави и ми изрази еден човечки збор и рече да се јавам во општината да поднесма документи, му се заболагодарив и му кажав дека моето достоинство вреди повеќе од 500 евра, ако не најдоа време 10 дена да се јавив, зошто да барам нешто од нив, има доста фирми кои се јавуваат и нудат и гардероба и мебел, но додекане обезбедам место каде ќе можам да направам се е џабе. Активист сум од 1971 година, дел сум од извидници, планинар, во Црвениот крст од 1991 година, над 20 пати дадено крв, а општината така ми враќа, им благодарам – вели Стефановски.

Стефановски добил понуда да биде сместен со семејството во Прифатниот центар за бездомници во Чичино село, но неговиот син со посебни потреби не може да биде сместен во такви услови.

Син ми моментално е со неговата мајка со која сме разведени повеќе од 20 години, моментално сум во болница и покрај сите мои проблеми, чувам болно лице. Господинот Чедо, директор на АД „Простор“ ми отстапи еден нивен објект не 2-3 месеци додека се снајдам, Црвениот крст не ме остави, како нивен член, веднаш дојдоа ми донесоа пакети храна и хигиенски пакети, вода и церади за да може да го покриеме и она што малку остана, ветија дека каде и да најдам првичен објект 2-3 месеци тие ќе ја плаќаат киријата и дека понатаму пак ќе помогнат – вели Стефановски.

Голема помош, хуманитарна и правна на семејството Стефановски им пружи организацијата „Крепост“ кои во соработка со други организации и Црвениот крст се во план да организираат и хуманитарен концерт.

Ќе бараме оваа семејство прво да биде згрижено привремено, а од друга страна доколку е можно и доколку има хумани граѓани или некоја друга институција која може да му обезбеди барем еден скромен плац непосредно во селото Речица или околината каде тој дел по дел во соработка и со нашите градежни компании од Куманово, хумани граѓани и доброчинители да изградат еден скромен дом за да оваа семејство застане на свои нозе и го продолжи патот низ животот онака како што навистина доликува. Ние се надеваме дека Куманово како и многупати до сега ќе го разбуди своето хумано срце и ќе излезе во пресрет на оваа семејство. „Крепост“ ќе продолжи со своите хуманитарни акции, пакети со храна, собирање добротворни прилози со оглед дека уште неколку семејства од кумановско и Крива Паланка во последните неколку месеци беа зафатени со вакви ненадејни и некотролирани пожари, во преговори сме да се организира и еден хуманитарен концерт каде што средствата од донации и влезници ќе бидат донирани за овие семејства и мислам дека сите од нас имаат посебен удел и посебна одговорнсот да си помагаме еден на друг – изјави Христијан Герогиевски, претседател на хуманитарната организација „Крепост“.

Како што вели Георгиевски, „Крепост“ ќе помага и од правен аспект во поглед на барањата на социјалната помош, но смета дека треба да се подобри социјалниот аспект на државно ниво.

Лично сметам дека генерално социјалниот аспект на државно ниво треба да биде на повисок стадиум и затоа ние како хуманитарци и многу други хуманитарни организации помагаме на тој план, не сакаме да оставиме се на случајноста од една страна, а од друга страна сакаме секој од нас да биде свесен каде живее, дека имам семејства со трагедии. Идејата е кога секој од нас би се загрижил за оние многудетни семејства кои се невработени кои што немаат основни средства за примања, со тешки болести, работно неспособни и друго, целиот тек на животот ќе има друг правец, затоа постојат овие хуманитарни организации, затоа постојат овие хумани луѓе да го негуваме доброто со дела, а не само со зборови – вели Георгиевски.

Стефановски апелира да може да добие парче земја на кое ќе може со помош на донации од компаниите да изгради скромен дом во кој ќе може да живее со своето семејство.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)