Пресечен меѓународен транспорт на хероин

МВР соопшти дека вчеравечер во 19.00 часот на Граничниот  премин Табановце, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи лишиле од слобода  две лица, 31 -годишен жител на с.Никиштани, скопско и  18-годишен државјанин на Република Хрватска, со што е пресечен меѓународен транспорт на хероин наменет за Р.Хрватска.

Имено, при контрола на автобус на туристичка агенција од Скопје, полициските службеници во координација со мобилен тим од Царинската управа, во багажот пронашле и одзеле околу два килограми хероин, со кој била исполнета амбалажа на разновидни прехранбени продукти.

По преземени дополнителни мерки и оперативни проверки утврдено е дека македонскиот државјанин е сторител на кривичното дело по член 215 од Кривичниот законик и против него денеска СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово ќе поднесе кривична пријава.

Коментари

коментар(и)