Претседателот Иванов на панихида за загинатите бранители

-Мора да простуваме, но не и да заборавиме за што ги положија своите животи овие млади луѓе. Tука сме да им оддадеме почит на бранителите, но и на нивните најблиски, зашто тагата треба да се сподели, но и да им кажеме дека нивната жртва и дело нема да бидат заборавени. Овде има и инвалиди, повредени, велам, раните на телoто зараснуваат, но раните на душата, никогаш. Затоа овој настан ќе прерасне во традиција за да сите идни млади поколенија  знаат дека за ова што денес го имаме некој го дал животот-рече во говорот пред присутните по завршување на панихидата за загинатите бранители во манастирот Свети Јоаким Осоговски, претседателот и врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)