Претставата „ Две елки “ во Пчелка

Дечињата од градинката Пчелка денеска го пречекаа Дедо Мраз заедно со новогодишните пакетчиња. Но, пред да ги добијат подароците од најсаканиот дедо и да се фотографираат со него, децата имаа можност да бидат дел од едукативната и воедно интерактивна театарска претстава насловена Две новогодишни елки во која што актерките всушност беа вработени во детската градинка Ангел Шајче. Во претставата стануваше збор за две елки, едната стара, другата нова новогодишна елка, кои што во еден момент доаѓаат во конфликтна ситуација, како што се случува и во реалинот живот, но секако со разговор и со меѓусебно разбирање , елките , како и луѓето го надминуваат проблемот, односно се помируваат. Пораката која што се испраќа е дека секој проблем, секој конфликт може да се реши со разговор, доколку постои желба за тоа.

-Денеска е четврти ден, Дедо Мраз пристигна во објектот Пчелка и денеска тука заедно се со нас и жените од Инервил од Куманово кои што за самата театарска претстава донираа одредена сума на пари за костимите. Театарската престава е насловена Две елки. Новина е што до минатата година имаше куклени претстави во кои што актери беа нашите вработени и дел од родителите, а од оваа година имаме театараска претстава во која што друго е да си зад параванот, а друго е да си пред децата , меѓутоа ние како воспитувачи, како установа многу убаво знаеме да го воспоставиме оној линк со децата, онаа интерактивна комуникација, и да ги поттикнеме децата и да бидат учесници меѓутоа и сите песнички заеднички да ги пеат , да се радуваат, да играат и новогодишната атмосфера уште сега да ја почувствуваат. Сакам да ја искористам оваа прилика како директор на детската градинка Ангел Шајче заедно со сите вработени да им посакам среќна нова година на сите родители и граѓани на Куманово, изјави Марина Алексовска, директор на ЈОУГ „Ангел Шајче“

Неделава Дедо Мраз треба да ги посети и дечињата кои што престојуваат во уште четири објекти на градинката Ангел Шајче. Инаку, пречекот на Дедо Мраз во осумте објекти на градинаката започна на 19-ти декември .

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)