Претставници на Асоцијацијата на одбранбени воени аташеа во Куманово

-Денеска во посета на Општина Куманово се претставници и воените аташеа на дипломатско –конзуларните претставништа во Македонија. Имаме вкупно 17 претставници и дополнително претставници од нашата Армија. Тие се организирани во Асоцијација на одбраните на дипломатско-конзуларните претставништа во државата и ова е за првпат да ја посетат и нашата општина во рамките на нивната посета на ЗОК на Армијата на РМ во Куманово. Разговаравме на повеќе теми, една од актуелните секако е и ковид кризата,  како општината се справува со ковид кризата и како одат понатамошните постапки, кои се плановите, секако разговараме и за историјата на градот, нашето искуство во делот на соработка со Армијата, цивилно-воената соработка и уште еднаш можам да потенцирам дека таа соработка е на највисоко можно ниво, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)