Претставници на ВМРО-ДПМНЕ закроија лозје во Романовце

Членови и симпатизери на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како и останати граѓани, вчера по повод празникот Свети Трифун, закроија лозје во село Романовце. Традиционално, четврта година по ред партијата го одбележува Денот на лозарите и виното, а за таа пригода членовите сечат славски колач.  Свештениците од Кумановско-осоговската епархија ги осветија дрвцата, и потоа беше извршено примопредавање на кумството, при што за нов кум е назначен Дејан Ристов, секретар на партијата.

-За мене ова кумство претставува голема чест, единствена моја обврска е продолжување на традицијата, почитување на православните вредности, така да што повеќе да се собираме и да ја продолжиме традицијата-нагласи тој.

На закројувањето, присуствуваше и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Зоран Ѓорѓиевски, кој истакна дека оваа традиција треба да продолжи да се негува.

-Да го честитам празникот на сите христијани со желба за блогосостојба, плодност, здравје и мир во земјата. Потоа да посакаме и на сите останати сите овие работи, инаку ова чествување на Свети Трифун е иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ која започна пред 4 години, се трудиме да ја одржуваме секоја година. Локациите ги менуваме од прилика во сите делови на градот да бидеме застапени, така што оваа убава традиција, ова дружење со луѓето воздигнување на овој ден на плодноста, на овоштарите, лозарите, чествувањето да ни стане традиција и на нас и на тие по нас-наведе тој.

Стариот кум, Дејан Гроздановски потсети дека пред четири години акцијата била покрената на иницијатива на пратеникот Ѓоргиевски и претседателот на општинскиот комитет Драган Петковски.

За мене кумството претставува обична традиција, тоа не е поврзано со верата но бидејќи на нашите простори тоа е ритуал кој се практикува речиси на сите поголеми празници, така и ние како традиција како и претходните 3 години и оваа општинскиот комитет на вмро-дпмне го чествуваме овој празник и остануваме верни на традицијата-нагласи тој.

Членовите на ВМРО ДПМНЕ присуствуваа и на литургија, која се одржа во црквата Свети Спас.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)