Приведена 67-годишна кумановка

Полициски службеници од  кумановската полиција лишиле од слобода 67-годишна кумановка. Таа била барана по централна потерница врз основа на  судска наредба за издржување мерка притвор за сторено кривично дело по член 244 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на мерката, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)