Приведени двајца кумановци за кражба

Секторот за внатрешни работи информира дека вчера изутрина полициски службеници лишиле од слобода  27-годишен кумановец кој се сомничи дека во текот на април 2023 година  од дворни места на приватни имоти одзел повеќе предмети. Исто така, вчера попладне полициските службеници привеле и друг 27-годишен кумановец, кој се сомничи дека во текот на денот од приватен имот на улицата „Народна револуција“ одзел повеќе предмети.  Тој  бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Предметите биле пронајдени и  вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија надлежните.

Коментари

коментар(и)