Приведени двајца кумановци за превоз на мигранти

Вчера напладне на автопатот А-1, на местото викано „Клучка Прдејци”, во правец Скопје–Гевгелија, од патролен тим од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица со тим од Р.Чешка биле лишени од слобода двајца кумановци на возраст од 46 и 55 години за превезување на тројца мигранти од Куба.  Поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело, двете лица се приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)