Приведени двајца разбојници, следува соодветна пријава

Полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.В.(41 година) и М.Д.(34 години), двајцата од Куманово. Тие биле затекнати при извршување „разбојничка кражба“ во домот на И.П.(62 години) во Долно Којнаре. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицата биле приведени и задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)