Приведени две лица заради фалсификуван ПЦР тест

МВР информира дека вчера утрото во 05.30 часот на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, A.B.(30) од Србија приложил негативен ПЦР тест издаден од лабораторија од Скопје. Поради постоење основи на сомнение дека тестот е фалсификуван не му бил дозволен излез од РСМ.

Според МВР, на граничниот премин дошол и П.Н.(33) од Горно Којнаре, кумановско, работодавец на пријавениот, кој што признал дека го изработил фалсификуваниот ПЦР тест, со цел неговиот вработен да може да патува во странство.

Двајцата биле предадени на полициски службеници за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)