Приведени крадци, украдените предмети вратени на сопственикот

СВР Куманово информира дека вчера околу 16.00 часот, полициски службеници лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 33 и 26 години.

Тие се сомничат дека истиот ден извршиле кражба од приватен имот во с. Доброшане, кумановско, при што одзеле повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат надлежните.

Коментари

коментар(и)