Полициски службенци од СВР Куманово вчеравечер лишиле од слобода 29-годишен кумановец. Тој се сомничи дека на 13-ти април годинава од чанта во такси возило одзел предмети. Со него бил приведен и 42-годишен кумановец бидејќи кај двајцата биле пронајдени и одземени остри предмети. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Приведени кумановци за кражба
