Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово вчеравечер на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ “ лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 43 и 45 години откако кај нив бил пронајден и одземен амфетамин, информираат надлежните.
Според СВР Куманово, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.