Приведени кумановци за поседување марихуана

Полициски службеници од СВР Куманово изминатиот викенд лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 26 и 27 години затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави, соопшти МВР. Ноќеска пак, во 01 часот по полноќ, бил приведен уште еден 26- годишен кумановец затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот и против него ќе следува соодветна пријава, информираат надлежните.

Коментари

коментар(и)