Приведени странски државјани, пронајдена дрога

На граничен премин „Табановце“, полициски службеници ги лишиле од слобода Н.К.(65) од Република Грција и Х.Ф.М.(46) од Австрија. При преглед во патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, кое го управувал Н.К., а сопатник бил Х.Ф.М., биле пронајдени и одземени марихуана, епрувети со кафеава течност и други предмети.
Лицата биле предадени на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Куманово за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)