Во полициското одделение Матејче на разговор биле повикани едно осумнаесетгодишно лице од село Ропаљце, липковско, и двајца малолетници од село Никуштак, затоа што претходно во 19.25 часот во Никуштак го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. На местото на настанот бил пронајден гасен пиштол. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Приведени три лица, нарушиле јавен ред и мир
