Приведено едно лице за недозволено поседување на оружје

На 09.04.2021 во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.З.(29) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, што е  казниво по член 396 од Кривичниот законик, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, по насоки од Одделот за криминалистичка полиција и добиена наредба од Основен суд Куманово извршен е претрес кај М.З., при што се пронајдени и одземени два пиштола и рамка со 7 боеви куршуми, кои ги поседувал без дозвола.

М.З. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)