Приведен кумановец баран по потерница

СВР Куманово информира дека синоќа околу 22 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, бил лишен од слобода  32 годишен кумановец бидејќи по извршена контрола било констатирано дека се барал по потерница од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение потраги за издржување казна затвор од две години и шест месеци, за сторено кривично дело од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)