Приведен кумановец баран со потерница

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода Љ.Ф.(52 години) од Куманово.
Тој бил баран со потерница по судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Коментари

коментар(и)